ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО: Денеска астероид ЏИН минува покрај Земјата

1430

Астероид со пречник од 1,6 километри прелетува во близина на нашата планета. Американската вселенска агенција НАСА објави дека Астероидот 52768 (1998 OR2) во наредните два месеца ќе биде во близина на Земјата. Тој е прв пат забележан во 1998 година, а денеска ќе биде на околу 6 милиони километри оддалечен од Земјата, што е 16 пати повеќе отколку што изнесува растојанието меѓу Земјата и Месечината. Неговото поминување покрај нашата планета може да се следи на The Virtual Telescope. Според НАСА, астероидот кој ќе биде во близина на земјата не претставува опасност.

Станува збор за најголемиот астероид што ќе минува во близина на Земјата, но сепак тоа не е најголемото небесно тело што минало во близина на нашата планета. Астероидот (Asteroid 3122 Firenca 1981 ET3), кој минал во 2017 година релативно близу покрај Земјата, повторно ќе не посети во 2057, а неговиот пречник е е меѓу 4 и 9 километри.