Глумецот има нова девојка, фановите тврдат дека таа е најубавата досега

954

Холивудскиот глумец Бен Афлек ја раскина врската со продуцентката Линдзи Шукаш, поради која се разведи од Џенифер Гарнер. Сега се претпоставува дека има нова девојка, ѕвездата на “Плејбој”.

Дека глумецот Бен не се смирува, кога жените се во прашање, зборува и фактот дека светските таблоиди во чекор го следат неговиот приватен живот и собираат нови информации.

Откако се разведе од глумицата Џенифер Гарнер, со која помина 12 години во брак, Бен неодамна јавно ја претстави својата нова девојка Линдзи Шукаш со која исто така беше во врска до неодамна.

Ѕвездата на Бетмен сега пронајде нова љубов, Плејбој зајачицата Шона Секстон со која го прослави својот 46 роденден.

Тие двајца беа снимени заедно на прославата, но поради папараците ресторанот го напуштиле одвоено.

Откако фотографиите излегоа во јавност се појавија многубројни коментари на сметка на новиот пар.

Додека некои сметаат дека Џенифер е незаменлива, повеќемината се сложуваат дека овој пат глумецот направи добар избор и дека Шона досега е неговата најубава девојка.