Го отвори телефонот кој брачен пар му го донесе на поправка – внатре пронајде 100 долари и порака која го изненади!

563

Маж кој работи во сервис за мобилни телефони раскажал едно свое несекојдневно искуство.

„Денеска дојде еден брачен пар, донесоа мобилен телефон за поправка. Мажот ми објасни дека телефонот не работи и се договоривме да проверам што не е во ред. Тие заминаа, а јас го отворив телефонот и имав што да видам“, раскажал вработениот во сервисот и ја документирал целата приказна на ТикТок.

Тој во телефонот пронашол 100 долари и порака во која мажот го моли сервисерот да не го поправа уредот туку да ѝ каже на сопругата дека е потполно уништен.

„Сака да ја види мојата листа на повици, а јас не можам да ѝ го покажам тоа“, пишувало во пораката.

Вработениот и неговите колеги биле во дилема што да направат, а некои рекле дека жената сигурно веќе ги знае деталите од спорната листа. Приказната завршила така што жената дошла во сервисот и сервисерот ѝ открил сè, а таа му платила 200 долари да го поправи телефонот.