Сите 16 лица во Виетнам кои биле заразени со новиот коронавирус се излечени, соопштило денес министерството за здравство.
Министерството навело дека од 13-ти февруари не бил регистириран ниеден нов случај на зараза.
Последниот пациент, 50-годишен маж кој бил заразен од својата ќерка по враќањето од кинески Вухан, жариштето на коронавирусот, закрепнал и е во добра здравствена состојба.
Засега не е познато кога ќе биде пуштен од болница. Останатите излечени, меѓу кои и едно тримесечно бебе, закрепнуваат.
Во Виетнам на 23-ти јануари биле регистрирани првите два случаи на коронавирус кај двајца кинески државјани.