Го покажаа резултатот од вежбањето: Tијана Дапчевиќ и Снеже Велков се пофалија со мускулите (фото)

917

Пандемијата со коронавирусот можеби пред некое време ги затворија салите и теретаните за вежбање, но тоа не ги спречи  луѓето да вежбаат.

Оние кои се љубители на спортот, вежбањето и одржувањето на кондиција, најдоа алтернатива, па наместо во сала или теретана, вежбаа дома или на отворено.

Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков денот го започнува со вежбање или со возење на велосипед.

Таа често на социјалните мрежи знае да сподели фотки,  видеа од нејзиниот тренинг и да ги мотивира и оние кои се уште не започнале со вежбање.

View this post on Instagram

Вежбање-Најтешката работа на која ќе се натерате! Не палат тука милион достапните опции Не пали другарката која те вика да вежбате,не пали и близината на теретаната која ти  е под зграда! НЕМА да те натера дa вежбаш ниту купената справа,ниту новиот велосипед. Ма НЕМА да ни те натера ниту комшијата кој секое утро трча или девојката која секое сабајле се качува на водно. НЕМА да те натера да вежбаш ниту личниот тренер на кого ќе му платиш за те мотивира. Не.Нема да те мотивираат ниту лепотиците со стомачни на инста.Ниту било кој нутриционист кој ќе го чуеш сабајле на емисија. Ниту една мудра мисла НЕМА да те натера да вежбаш не пак фотографија од сала со цена 50% попуст…. Ништо не пали…и се е џабе. Освен едно!!! ТИ.Лично ТИ и твојата одлука,твојот мозок и твојата совест. Само ти можеш да си кликнеш и да се натераш💪💪 Но за да го направиш тоа ти треба силна инспирација Инспирација која и кога ќе имаш воспаление и едвај ќе одиш ќе ти шепне -НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ. Инспирација која и кога ќе ти се спие и ќе те мрзи ќе ти рече:АЈДЕ ДИГАЈ ТОА ЗАДНИКОТ НЕ ТУКУ МРЧИ… Инспирација која и кога не искачат стомачните на видик ќе те потсети дека тука ти се извајаните раце… Инспирација која секогаш кога ќе ти дојде мисла Ај денес да прескокнам ќе те посети на најубавото чувство после тренинг… Инспирација која вежбањето ќе ти го направи стил на живот а не обврска и мачење! А инспирацијата може да биде се нешто и секаде и за секого поинаква и различна…и може НЕМА да се појави денес ни утре..се зависи од тебе кога ТИ ЌЕ ДОПУШТИШ ДА СЕ СЛУЧИ За тоа ги снимам видеaта со вежбање- за да ве мотивираат да си најдете сопствена инспирација и да ви потврдам дека ниту е лесно а некогаш не ни забавно! Но вреди секоја е*ена минута!💪💪💪🤗👍 #вежбај #блескај #бидинајдобраверзијаодсебе #аконесегакога #мотивација #тиможеш #workoutmotivation #pilatesgirl #pilateslovers #selflove #doit #yesyoucan #motivation

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze) on

Меѓутоа, неодамна Снеже се фотографираше пред огледало во лифт и го покажа резултатот од вежбањето, односно мускулите на раце.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Тијана Дапчевиќ исто така е меѓу оние кои се вратија во тератана и на редовното вежбање, а неодамна во една емисија доби коментари дека никогаш не изгледала подобро.

Дапчевиќ како што истакна во една прилика се храни според прогарамата на нутриционисти, а и редовно пешачи и вежба.

И Дапчевиќ во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со мускулите на раце по напорниот тренинг.

„Се гледа разликата а?“, напиша Дапчевиќ во описот на една фотографија.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

А како што вели поговорката –  „Во здраво тело, здрав дух“.