Го покажала рамниот стомак по само 4 месеци од третото породување – познатата убавица изгледа неверојатно

883

34-годишната израелска манекенка и ТВ личност Бар Рефаели го роди третото дете во јануари оваа година, но брзо се вратила во форма и го покажала својот рамен, затегнат стомак.

Бар објавила серија фотографии во црно бикини, а сите коментирале дека е вистинско чудо што изгледа толку добро само неколку месеци по породувањето.

View this post on Instagram

☀️👒👙

A post shared by Bar Refaeli (@barrefaeli) on

Манекенката во јануари оваа година го роди синот Давид, а со секоја фотографија од домашниот карантин ги воодушевува своите обожаватели кои ѝ оставаат низа комплименти.

Нејзината витка фигура ја коментирале многу фанови на кои не им е јасно како може да изгледа толку совршено. Бар е инаку позната по својата преданост кон тренингот, а работата и трудот очигледно се исплатат со оглед што нејзиниот стомак е перфектно рамен и затегнат.

Рефаели во март објави едно многу провокативно видео на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како позира целосно гола.

Инаку, манекенката е во брак со Ади Езра со кој се венчаше во 2015 година, а парот има 3 деца. Пред Езра, Бар беше во врска со познатиот актер Леонардо ди Каприо, од 2005 до 2009 година.