Го полудела интернетот со разголена фотографија од кревет: Згодната водителка го оставила заменикот премиер, а непријатната вест ја дочекал во авион

907

Италијанска сапуница, но во вистински живот – последната епизода за врската на заменикот италијански премиер и министерот за внатрешни работи Матео Салвини и телевизиската ѕвезда Елиза Исоарди “се емитувала” вчера, кога Исоарди се збогувала од својот долгогодишен партнер, објавувајќи нивно заедничко селфи од кревет.

Прекинот на врската е меѓу главните вести на италијанските сајтови и телевизии, заедно со вербалната војна на Рим и Европската комисија поради италијанскиот буџет и олујите, кои минатите денови однеле неколку животи, пренесува “Reuters”.

35-годишната Исоарди, која води телевизиско ток-шоу, објавила фотографија на која таа е будна, додека Салвини спие на нејзиното рамо.

“Нема да ми недостасува тоа што си го пруживме еден на друг, туку тоа што можевме да си дадеме. Со голема почит кон љубовта која ја имавме, ти благодарам Матео”, навела Исоарди под фотографијата.

Салвини бил на лет кон Гана, кога Исоарди објавила пред целиот свет дека нивната 3-годишна врска е готова.