Го тужи поранешниот шеф на агенцијата „Elite“: „Ме продаваше на богати мажи, а на 17 години во неговиот стан доживеав пекол“

802

Кери Сутон, поранешен супермодел кој сега има 52 години, поднела тужба во федералниот суд во Њујорк против Џералд Мари (70) поради тоа што ја силувал на 17 години во неговиот стан во Париз, а подоцна ја продавал на богати мажи ширум светот, пренесува „Daily Mail“.

Исто така тој ѝ давал и кокаин со образложение „дека тоа ќе ѝ овозможи да ослабне за да остане поуспешен модел“, се наведува во тужбата.

По шест месеци злоупотреба, Сутон одбила да има секс со Мари. За возврат тој ја исфрлил од својот париски стан, пренесува „The Guardian“.

Меѓутоа, поранешниот супермодел не е единствената која го преживеала тоа.

За тој случај сите знаеле, но молчеле – бил јавна тајна. Обвиненијата се однесувале на периодот меѓу 1980 и 1989 година.

Во тој период во „Elite Models“ започнале кариера и Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд…

Џералд Мари (70) на почетокот на 80-те години работел за агенцијата „Paris Planning“ која во 1986 година се споила со „Elite Model Management“, а тој станал нејзин европски шеф.

Меѓу жените кои го обвинуваат Мари е и поранешната новинарка на „BBC“ Лиса Бринкворт која го истражувала третманот на манекенките во модната индустрија за документарец на „BBC“ во кој покажала како малолетните модели се присилуваат на секс и консумираат наркотици.