Љубов
Светот на дланка! 2019 година ќе ви донесе патувања како од соништата, адреналински авантури, ослободување од негативните чувства и созревање. Иако амбициите ќе ве водат во најголемиот дел од годината, нема да изостанат ниту моментите резервирани за љубов.
Јупитер, планетата на среќата, речиси цела година ќе патува во вашата 9-та куќа на далечните дестинации и оптимизмот. Ако во изминатата година се дистанциравте себеси од центарот на вниманието за да се фокусирате на вашиот интимен живот, сега е време да излезете од вашата удобна зона и да ризикувате. Ќе го разбудите авантуристот во вас и ќе експериментирате не само во љубовта, туку и во секоја област од вашиот живот.
Ова ќе биде најоптимистичката година за вас во последната деценија. Ќе чувствувате дека можете да постигнете буквално сè што ќе посакате. И нема да бидете далеку од вистината. Соло овните ќе му дадат шанса на некој кој до вчера сметале дека не е за нив или ќе флертуваат со личност која ја сметале за недостижна, само за да се уверат дека таква личност не постои. Лесно ќе ја освојувате вашата мета.
Оставете го напнатото минато зад себе, време е да ги раширите вашите хоризонти. Старите стравови и рани не треба да ги управуваат вашите мисли, но треба да ви бидат лекција да внимавате кому му верувате.
Ако сте во врска, започнете да размислувате на следното заедничко патување со партнерот. Срушете ги границите оваа година и ќе бидете многу посреќни.
Најдете ја слатката точка меѓу слободата и обврзувањето – Јупитер и Сатурн ќе ви помогнат да танцувате во златна средина. Строгиот Сатурн оваа година ќе патува во вашиот сектор на долгорочното планирање, не дозволувајќи ви да се залетувате во љубовни авантури без иднина. Ако некој нема сериозни намери кон вас, нема да има ниту место покрај вас.
Претстојната година ќе ви донесе и големи промени на семеен план. Две од овогодишните еклипси, на 21 јануари и на 2 јули, можат да донесат и бременост, свршувачка или вест за нов член во семејството.
Тоталната лунарна еклипса на 21 јануари ќе се случи кога ќе настапи полна месечина во лав, вашата 5-та куќа на страста и романсата. Заокружете го овој датум на календарот, бидејќи голема е веројатноста тој да биде еден од најубавите и најромантичните денови од годината за вас. Некои овни тогаш ќе го кажат судбоносното ДА, други ќе спојат усни со оној што го сакаат, трети ќе започнат обиди за зачнување, а четврти ќе зачнат. Силните чувства ќе излезат на виделина на овој ден.
Пролетта дефинитивно ќе биде жешка и страсна за вас и ќе ја донесе вашата роденденска сезона. Од 20 март до 20 април Сонцето ќе патува во вашиот знак, топлејќи го вашето срце и полнејќи ве со позитивна енергија. Внимавајте што посакувате во овој период, веројатно ќе ви се оствари.
На 5 април ќе настапи млада месечина во вашиот знак, носејќи ви нов почеток кој бескрајно ќе ве израдува. Многу соло овни на овој датум ќе го пронајдат својот принц, а оние кои се во врска, ќе се радуваат на почетокот на ново волшебно поглавје.
Само што Сонцето ќе го напушти вашиот знак на 20 април, романтичната Венера ќе се всели во него, правејќи ве вистинска заводничка. Во периодот до 15 мај ќе можете да му го привлечете вниманието буквално на секого, па не чекајте. Љубовта ќе биде во воздухот и за „зафатените“ овни. Искористете го шармот за да му влезете подлабоко под кожа на партнерот.
Ако патувате во овој период, бидете внимателни со документите, резервациите и точноста, бидејќи се можни проблеми поради ретроградното движење на Јупитер од 10 април до 11 август.
Љубовта ќе царува во вашиот живот во жешкиот август. Од 28 јули до 21 август Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе ја разубавува вашата 5-та куќа на романсата и флертувањето. Имате космичка дозвола да иницирате физичка интимност со партнерот и да кокетирате без задршки со оној што ви се допаѓа ако сте сингл. Ќе го обожавате вниманието што ќе го добивате.
Прекрасна вест е тоа што Венера оваа година воопшто нема да се движи ретроградно, што значи дека нема да имаме љубовни главоболки поради бивши или поради стари проблеми.
На 2 декември, среќниот Јупитер ќе премине во вашиот сектор на долгорочното планирање. Годината ќе ви заврши под превезот на сериозноста и зрелоста. Нема да дозволувате никој да манипулира со вас и ќе примате во вашето срце само личности кои не бегаат од обврзување. Ако не можете да се замислите со некого по 10, 20 или 30 години, нема ни да му давате шанса за романса. Празниците за многу овни кои се во врска ќе донесат свршувачка.
Работа и пари
Успех и просперитет ќе ви донесе претстојната година! Мала армија планети ќе се движат во јарец, вашата 10-та куќа на кариерата и успехот, зголемувајќи ги вашите амбиции. Можно е да бидете преместени на повисока и поплатена работна позиција или да добиете јавно признание за вашите постигнувања.
Тера нова. Во 2019 година нема да се плашите да газите на непознат терен и да истражувате нови области. Јупитер речиси цела година ќе патува во вашиот сектор на експанзијата и претприемништвото, зголемувајќи ги шансите да основате сопствен бизнис или да најдете работа во нова професионална сфера. Ова е една од најважните години за вас да ги остварите вашите најголеми планови.
За да успеете во 2019 година морате околу себе да ги имате и вистинските личности – Јупитер две години наназад со престојот во вашите сектори на партнерствата ве учеше на важни лекции за односите со луѓето и ве научи како да играте правилно со нив.
Годината е одлична за создавање платформа со која ќе го кренете вашиот глас и ќе ја пренесете вашата порака. Ако сте мотивациски говорник, инспиративна личност или Instagram ѕвезда, ова ќе биде одлична година за вас.
Строгиот Сатурн оваа година ќе внесе структура во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање. Сатурн нема да ви дозволи да се залетувате кон месечината и да стрелате кон ѕвезди кои никогаш нема да ги достигнете, туку ќе ви помогне да создадете совршен план за совршен успех.
Додека Јупитер ќе ве тера да се залетувате по најголемиот залак, Сатурн ќе биде тука за да ве соочи со реалноста и да ви го донесе потребниот баланс. Нема да се разочарате. На моменти ќе се чувствувате како со едната нога да притискате на гасот, а со другата на кочницата.
Револуционерниот Уран на 6 март ќе премине во вашата 2-ра куќа на работата и парите и ќе остане таму до 2026 година. Тоа значи дека треба да престанете само да смислувате големи идеи и да се фрлите во акција. Преземете конкретни чекори за да го реализирате она што го визуализирате. Многу од вашите идеи ќе бидат и парично наградени.
Три од овогодишните еклипси (на 6 јануари, на 16 јули и на 26 декември) ќе се случат во јарец, вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање, носејќи огромни пресврти и трансформации во вашата кариера.
На крајот на годината и Јупитер ќе влезе во вашиот сектор на кариерата и ќе ја помине таму целата 2020 година. На 2 декември 2019 година ќе започне најсреќната година во кариерата за вас.
Здравје
Променете ги вашите навики и ќе си го промените животот. Тоа нема да биде тешка мисија, бидејќи строгиот Сатурн цела година ќе патува во вашиот сектор на дисциплината, учејќи ве како се постигнуваат поставените цели – со труд и посветеност. Ќе се придржувате кон редовните тренинзи и здравиот начин на исхрана, а она што ќе го гледате во огледалото ќе ве мотивира уште повеќе.
На 6 март радикалниот Уран ќе влезе во вашата 2-ра куќа на рутините и ќе остане таму до 2026 година. Планетата на промените ќе ви помогне да создадете начин на живот кој соодветствува со вашите желби и потреби и да се приближите кон личноста која отсекогаш сте сакале да бидете.
Почесто одете во природа. Ако тоа е во комбинација со патувања, ова ќе биде добитна комбинација за вас.