Животот и кариерата на легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, ги одбележале многубројни скандали.
Голем играч, но мал човек… Така јавноста го опишува еден од најдобрите фудбалери во историјата од клупата на Олд Трафорд.
Неговиот живот го одбележале многубројни скандали. Со години спиел со сопругата на својот роден брат, а татко му се откажал од него поради тоа, а сега ја претепал и својата девојка Кејт Гревил.

По дојавата, полицијата дошла во домот на Гигс. Утврдиле дека Кејт на себе има видливи повреди, па славниот фудбалер моментално е приведен во станица. По плаќањето кауција, пуштен е да се брани за слобода.
„Девојката се здобила со полесни повреди и не ѝ е потребно лечење“, наведено е во извештајот од полицијата.
Инаку, во 2011-та година откриено било дека Гигс осум години имал афера со сопругата на својот роден брат.
„За добар тренер најважно е доверба. Не знам како играчите можат да му веруваат на Рајан откако му го направи тоа на својот роден брат. Спиеше со неговата сопруга осум години“, изјавил тогаш таткото на легендарниот фудбалер.
По овој скандал јавноста била во шок затоа што Рајан важел за сериозен, добар, семеен човек. На крајот тој останал и без својата сопруга, љубовница и семејството кое што се откажало од него.