Голем раст на хоспитализации во Тетово, 90 пациенти се во болница, а починале две жени

791

Рапиден и катастрофален е растот на хоспитализации во тетовскиот ковид центар. Вкупно 90 хоспитализирани пациенти се во тетовската болница, а изминатата ноќ починале две жени, на возраст од 44 и 52 години, информира за Слободен печат раководителот на ковид центарот доктор Гзим Нуредини.

Освен тоа, рапидно расте и бројот на амбулантски прегледи, кој се искачил на 120. Доктор Нуредини вели дека од овие амбулантски прегледи, некои пациенти за ден или два ќе станат хоспитализирани пациенти и ќе има нов наплив на приеми. Во Гостивар се хоспитализирани 70 лица и уште 95 во Инфективната клиника во Скопје.

Во моментов почнува состанокот на Кризниот штаб после кој ќе биде познато дали во овој град ќе се воведуваат во овој град.

-Ова е како после војна. Со короната, може два дена да е добро и третиот ден катастрофално. Не може да се предвиди. Има некои роднини на хоспитализираните кои бараат информација каква е состојбата. Но и кога е добро не можеме да кажеме дека е супер, зашто и од добра клиничка слика, со добри лабораториски параметри, сатурацијата може за пет шест часа да падне од 90 на 40. Се работи за случаи од свадби, прослави или ако не се тие, тогаш некој од семејството бил. Младите одат по свадби, дома седат старите и тие сега доаѓаат во болница. Во 24 часа примивме нови 20 пациенти. Починати се две жени, на 44 и 52 годишна возраст и двете невакцинирани. Хоспитализирани се само 8 со една примена доза, кои немаат уште развиено имунитет, ни рече доктор Нуредини.

Другите примени во болница се невакцинирани. Во тетовската болница врие и се прави ригидна реорганизација за осслободување капацитети.

-Го слободивме целото интерно одделение на два спрата за ковид пациенти, тоа се вкупно 50 кревети. Ја имаме и модуларната болница со 35 кревети и инфективната болница со 17 кревети, а почнавме да праќаме пациенти и во болницата за белодробни заболувања во Лешок. Таму има 40 кревети на располагање. На состанок на сите раководители на одделенија на клиниките во Тетово сме во разговори да ни ослободат места и на другите одделенија. Пациенти почнавме и во Скопје да праќамеСите лекари на одмор се враќаат назад а за другите дека мора да го одложат и не можат да го земат сега, ни рече доктор Нуредини.