Во организација и продукција на најголемата регионална продукциска куќа Скајмјузик (Skymusic), на 29 јануари во Штарк арената во Белград ќе се одржи музички спектакл каков сè уште не е виден во овој дел на Европа. Дел од церемонијата на доделувањето на првите регионални музички признанија „Huawei Music Awards Ceremony“ (MAC) ќе бидат најголемите ѕвезди од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Во рамки на програмата која ќе трае повеќе од четири часа, на неколку поврзани бини ќе се појават повеќе од 60 познати личности од регионот. Публиката ќе ужива во спектакуларните настапи осмислени и режирани специјално за оваа прилика. Ќе бидат доделени повеќе од 20 музички признанија за најдобри изведувачи, нумери од различни жанрови, спотови, сценски настапи…
На манифестацијата се очекуваат преку 200 познати личности кои ќе прошетаат по црвениот килим, а на церемонијата на доделување на музичките признанија ќе присуствуваат 15 000 посетители.
Единствениот целовечерен забавно–музички настан Huawei MAC директно ќе се пренесува на телевизиските станици со национална фреквенција во земјите од регионот.
Изведувачите и музичките нумери за доделувањето на Huawei MAC признанијата ги номинираат радиостаниците.
Huawei MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа Скајмјузик, која зад себе има дводецениско искуство во техничка продукција на најголемите регионални музички настани.