Голем удар кон пиратеријата: Изгаснати се над сто сајтови, запленети над илјада парчиња разни хардвери

838

Кинеските власти одлучиле да се соочат со растечкиот црн пазар на пиратки содржини.

Како што пишува сајтот „Torrent Freak“, во акцијата чии резултати ги објави кинеското Министерство за јавна безбедност, изгаснати се 361 интернет страница на која се наоѓала пиратска содржина.

Од Интернет се отстранети и 57 апликации преку кои можело да се добие пристап до пиратска содржина, а уапсени се вкупно 251 човек поврзани со оваа дистрибуција на пиратски материјал.

Меѓу згаснатите сајтови се најде и апликацијата за пиратска дистрибуција на филмови, „Twist Films“, која до нејзиното згаснување имала 100 милиони корисници и нудела околу 150 илјади филмски наслови.

Кај уапсените 59 луѓе, во еден од кинеските региони, запленети се 13.600 примероци од различни хардвери, како што се сервери и опрема за репродукција.

До големата акција на згаснувањето на сајтовите и запленувањето на опремата и пиратерскиот материјал, дошло во времето на новиот круг на преговори за трговски компромис помеѓу Кина и САД, а кои се оддржуваат во Пекинг.