Некому му се „смешкаат“ брак и семејство, некому-успеси на сите полиња.
Близнаци: Веридба и деца
Оваа есен на Близнаците сѐ ќе им се врти околу љубовта, емоциите, давањата, примањата… Со други зборови, им следува најповолниот љубовен период. На слободните припадници на овој знак им се смешка голема љубов, додека врските на оние зафатените ќе се подигне на повисоко ниво.
Очекувајте брак. Оваа есен Близнаците ќе ја помнат и по финансиските добивки. Ќе добивате разни професионални понуди кои ќе делуваат примамливо само на прв поглед. Периодот што следува не е најдобар за договори, особено на долгорочни, како ни за реализација на договорени проекти.
Лав: Успеси на сите полиња
Освен што ќе ги следи неверојатна среќа, Лавовите оваа есен ќе имаат многу енергија и ќе се чувствуваат подобро од кога било претходно. Тоа значи дека ова е вистинско време да ги тргнат настрана сите сомнежи, стравови и двоумења и да тргнат кон нови победи.
По 12-ти ноември ќе можете пореално да ги согледате работите. Но тоа не значи дека ситуацијата ќе биде идеална, ниту дека сѐ ќе се случува онака како што вие би сакале. Ќе имате многу преиспитувања поврзани со квалитетот и трајноста на врските.
Јарец: Многу излегувања и дружења
Кога е во прашање кариерата, Јарецот ќе биде незапирлив цела 2018 година. Планетарните енергии целосно ќе се концентрираат на постигнувањето на целите, се очекува голем успех на професионален план. Покрај работните успеси, Јарците ги очекуваат и забавен период.
Неопходно е да бидете одмерени и внимателни во комуникацијата со колегите и надредените доколку сакате да го зачувате вашиот работен статус. Сочувајте ги присебноста и промисленоста во критични ситуации за да можете правилно да одговорите на разните дилеми што ве следат на работното место или во соработката со колегите.