Голема акција во Шпанија: Уапсени фудбалери за местење, меѓу нив и екс играч на Реал Мадрид

857

Утрово, од шпанската полиција потврдија дека се уапсени неколку лица во рамките на истрага за местење натпревари. Како што е наведува меѓу приведените се неколкумина сегашни и бивши играчи, како и клупски функционери од најдобрите две лиги.

„Полициската акција уследи откако шпанските власти добиле дојава за можно местење натпревар од Ла Лига, одигран во мај 2018“, изјави портпаролот на првата лига и додаде:

„Ла Лига е многу активна во борбата против местењето. За нас е важно да имаме фер натпреварување“.

Меѓу имињата кои се споменуваат во шпанските медиуми се бившиот играч на Реал Мадрид Раул Браво, кој е наводен лидер на групата, потоа Борха Фернандес од Ваљадолид, Самуел Саис Алонсо од Хетафе и претседателот на Уеска, Агустин Ласаоса.