Голема вест од Македонија за Гоце Георгиевски, стана татко. Честитки и среќа за вечерашниот натпревар со Шпанија

2234

Денеска го играме четвртиот натпревар на ракометното првенство во Германија и Данска.

По воведните две победи со Јапонија и Бахреин, налетавме на незгодната и далеку посилна репрезентација Хрватска, која ни го зеде скалпот, па по еден ден опоравување и пауза, време е за нов предизвик.

Верерва играме против Шпанија, репрезентација која исто така е еминентна во светски ракометни рамки, но селекција против која можеби ќе можеме да бидеме на егал линија.

Сега останува само тактиката на селекторот Гонзалес, да процени дали да се чуваат силите за Исланд последното коло, или евентуално вечерва да се нападне победата, која ќе ни овозможи следна фаза.

Но пред вечерашниот меч со Шпанија, за Гоце Георгиевски дојде најубавата честитка од Македонија, неговата сопруга обзнани дека на свет донела здрава ќеркичка, а тоа го потврди и Георгиевски.