После 14 години од објавувањето на порно видеото, Северина повторно се најде на центарот на вниманието ширум регионов, а причина за тоа се експлицитните фотографии кои излегоа во јавноста, а на кои позира гола.
И додека на големо се шпекулира кој и зошто ги објавил фотките, наидовме на еден интересен детал прелистувајќи ги нејзините профили на социјалните мрежи. Имено, Севе една од “спорните” фотките ја има објавено и сама на Фејсбук во 2014 година, а истата е направена во Париз.
Иако Северина се уште се нема огласено, нејзиниот менаџер, но и сопругот Игор го обвинија екс партнерот Милан Поповиќ дека е одговорен за провлекувањето на фотографиите низ медиумите, а дел од нејзините колеги сметаат дека ова е само маркетинг кој самата таа го има смислено затоа што албумот не и се продавал како што треба.
“Северина многу љуби да се слика гола и својата интима да ја дели со целиот свет. Ова е само лош маркетинг”, прокоментирале Кнез и Лепа Лукиќ, додека, пак, Аца Лукас застанал во нејзина одбрана и рекол дека фотките се монтажа.