Горди Швеѓани: Националниот срам од пред 400 години го претвориле во најголемата туристичка атракција

561

Освен раскошните декорации и многубројни топови кои што требало да ги носи во војната, воениот брод „Vasa“ може да се пофали со една од најкратките пловидби на сите времиња.

Пред речиси четиристотини години, воениот брод „Vasa“ откако поминал само 1.300 метри, потонал. Ова шведско промашување со текот на времето станало еден од најпосетените музеи на светот.

„Приказната за „Vasa“ е приказна за историско фијаско“, вели Марика Хедин, историчарка и некогашен управител на „Vasamuseeta“.

Во доцните часови на 10 август 1628 година, воениот брод го пуштил во пловидба тогашниот шведски крал Густав II Адолф, кој што бил убеден дека гледа во најмоќниот воен брод на светот. Но, „шведскиот Титаник“ потонал веднаш по запловувањето поради тоа што не можел да го издржи товарот на оружјето и декорациите со кои што бил исполнет.

Во тоа време овој брод требало да претставува најмоќниот брод на светот, а наместо тоа се наполнил со морската вода и потонал.

Откако 333 години поминал на морското дно, Швеѓаните го извлекле на површина во 1961 година, а тој бил речиси неоштетен.

„Вториот живот“ за овој брод започнал во 1965 година кога поморскиот експерт Андерс Франзен лоцирал и други негови остатоци на длабочина од 32 метри во Балтичкото море кое што го нарекуваат и „морски гробишта на бродови“.

Повеќе од 700 скулптури со различни величини, околу 25 илјади артефакти и остатоци од посадата, претставуваат навистина едно археолошко богатство, а бродот го прават еден од најдобро сочуваните во историјата.

Денеска истиот може да се разгледа во Стокхолм.