Гордоста на американската флота продадена за 1 долар: После сè, еве каде ќе заврши

949

Со 319 метри должина и 77 метри ширина „Kitty Hawk“ е преголем за пловење во Панамскиот канал, па до Тексас ќе мора да плови околу Јужна Америка.

 

Ја поминал војната во Виетнам и Заливските војни, крстарел со години по Пацификот, а сега е продаден за еден долар. Тоа е судбината на застарена воена опрема.

Американскиот носач на авиони „Kitty Hawk“ пуштен во употреба во 1961 година, се враќа во Тексас каде што ќе послужи како огромен извор на старо железо, пренесува „б92“.


„Kitty Hawk“ бил продаден на „International Shipbreaking Limited“ од Тексас.

Овој носач на авиони бил исфрлен од служба во 2009 година затоа што со текот на времето го замениле носачите на нуклеарен погон (него го покренувале парни турбини).

Инаку, во текот на својата последна мисија во Виетнам во 1972 година, носачот на авиони бил среде неверојатниот судир во кој се конфронтирале афроамерикански членови на посада со белци и во кој биле повредени 47 морнари. Пресметката наводно започнала од кантината во која на афроамериканец морнар не сакале да му дадат сендвич, додека друг морнар којшто бил белец си го добил својот сендвич.

„Kitty Hawk“ е познат и по сударот со советската подморница во текот на Студената војна во 1984 година кога во пристаништето се вратил со дел од подморницата заглавен во својот труп.