Гореле живи: Потресни сцени од пожарот во Романија каде изгореа 10 пациенти, приклучени на респиратор

629

Најмалку 10 лица загинаа синоќа во пожар што зафати болница на северот на Романија каде се сместени пациенти кои се лекуваат од Ковид-19.

Службата за итни случаи на северниот романски регион Неамт објави дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега.

Пожарот зафатил две простории во болницата каде се лекуваат 19 пациенти со Ковид-19.

Засега не е познато што го предвизвикало пожарот.