Гори Твитер, шеги за Рашковски: Љубоморни, биле до Врање и до Петрич и Мексико им е ко на друга планета

1227

По вчерашната информација дека секретарот на Кабинетот на премиерот Зоран Заев – Драги Рашковски е во Мексико, не стивнуваат коментарите по социјалните мрежи.

Мислењата се поделени: според некои од луѓето тој побегнал поради последниот корупциски скандал, а според неговата изјава тој таму е на одмор.

Тој таму е сместен во елитно мексиканско одморалиште „Cancún“, во „Hard Rock Hotel“.

„Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14-ти и таму ќе бидеме до 31-ви овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува. Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра, изјави вчера Рашковски.

Македонските твитерџии очигледно дека одлично си ја знаат својата работа, па веднаш почнаа да се нижат шегите врз основа на изјавите на Рашковски.

Ова се дел од Твитовите: