Гори зградата на Секретеријат за Европски Прашања и МИА кај поранешна Комерцијална банка

984
Пожар избувна изутрина во зграда на кеј „Димитар Влахов” во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, во делот каде сега се сместени државни институции.

Противпожарни екипи интервенираат во гаснење на пожарот, во кој гори првиот кат каде што е сместен Државниот инспекторат за животна средина. Евакуирана е целата зграда во која се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.

Од инспекторатот, каде работното време почнува во 08:30 часот, велат при избувнувањето на пожарот немало вртаботени во нивните простории.

Пожарот не стивнува: Изгореа канцелариите на Министерството за животна средина, пожарот се проширува кон вториот кат!