Стотици жители на Гостивар се собрани пред општината Гостивар каде што се одржа комеморација по повод загинувањето на 14 луѓе во автобуската несреќа вчера кај Ласкарци, на автопатот Скопје – Тетово.
Тие се збогуваат од загинатите, чиј идентитет не е официјално соопштен. Отворена е и книга на жалост во која се потпишуваат жителите на Гостивар, изразувајќи сочувство за загинатите во несреќата.
Засега се знае дека еден од починатите е 25-годишниот Јовица Трпевски, кошаркар и син на пратеникот Благоја Трпевски, како и 37-годишниот Зоран Давидоски, вработен во Секторот за сообраќај од град Скопје. Неофицијално, меѓу починатите има најмалку тројца студенти, една постара жена и една жена на триесетина години. Најголем дел од оние што починале во несреќата, според неофицијалните информации, седеле на задната страна од автбусот.
Во Гостивар се веќе поставени и некролози на дел од загинатите во трагичната несреќа.

На денешната комеморација се обрати градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов.
„Велат дека катастрофите ги зближувуваат луѓето, нека биде и овој таков. Ова е најтешкиот говор во мојот живот“, рече Таравари.