Готово: Еден од најбараните тренери ќе го води ПСЖ

592

Сите релевантни светски медиуми ја потврдија информацијата дека Томас Тухел доби отказ од Пари Сент Жермен, па сега се чека само официјална потврда од клубот.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека следен тренер на ПСЖ ќе биде Маурисио Покетино, иако во опција бил и Масимилиано Алегри.

Поранешниот тренер на Тотенхем е фаворит за тренерската позиција и наскоро треба да постигне договор со ПСЖ.

Наредниот натпревар „светците“ го играат на 6-ти јануари, па се очекува Покетино во наредните денови официјално биде назначен за нов кормилар.