Готвач открил необичен трик за најдобриот печен компир: Тајната на крцкавата кора и меката средина се крие во оваа состојка

660

Врвен готвач открил трик за кој сме сигурни дека никој од вас не го пробал – дознајте за што станува збор!

Печениот компир од рерна е јадење кое спаѓа во омилените во многу домови. Можете да го приготвите во комбинација со пилешко, црвено месо, риба… изборот е ваш.

Но како да се постигне оној совршен вкус на однадвор крцкави, а одвнатре меки компирчиња?

Готвчаот Дан Клугер, автор на книгата „Chasing Flavour: Techniques and Recipes to Cook Fearlessly“, открива еден трик со кој можете да го постигнете токму тоа.

Неговиот метод е поразличен од сите останати благодарение на една состојка, за која тој вели дека е клучна.

Имено, пред печењето тој не го лупи компирот, не го сече, не го вари и не го загрева на масло. Сега сигурно се прашувате што прави тогаш?

Наместо тоа, Клугер користи мал млад компир и „снег“ од белки од јајца. Најпрвин целосно ги валка компирчињата во изматени белки, а потоа ги зачинува по желба и ги пече околу 20 минути на 200 Целзиусови степени.