Град Скопје апелира да не се палат огнови на отворено за празниците

1307

Градските власти апелираат до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод божикните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

– Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва за оваа намена со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град, се вели во соопштението од Град Скопје.