Градските власти денеска официјално ја објавија одлуката за номинирање на Скопје како можен кандидат за титулата на Европската комисија, Европска престолнина на културата за 2028 година.
– Оваа апликација е доказ за нашите заложби дека Скопје треба да е европски, модерен град, каде вистинските културни вредности ќе бидат на највисоко ниво. Сите активности на Градот или во Градот, како што е реновирањето на Универзална сала, ќе бидат насочени кон целта Скопје во 2028 година да биде европска престолнина на културата, рече Шилегов. Додаде дека да се биде европска престолнина на културата не значи само богата програма на настани, туку и заграбување и оживување на нови културни простори. Потенцира дека културата обединува и не знае за граници.
Шилегов информира дека искуствата од досегашните престолнини покажуваат оти за секое вложено евро, градот добива назад осум евра. Добивањето на оваа титула, како што рече, ќе значи зголемен број на туристи, препознатливост и поголем развој.
Тој потенцира дека Скопје, неговите граѓани и културните работници ќе сторат се оваа наша апликација да стане реалност.