Град во Шпанија уште сега започна со Новогодишното украсување, причината ќе ве изненади на сите

568

Иако летото е во полн ек, во градот Виго на северот на Шпанија, градските власти започнаа со украсување на градот и поставуваат украси за Божиќ.

Градоначалникот Абел Кабаљеро вели дека се подготвува за најубави празници на светот.

Тој најави дека во градот ќе бидат поставени 10.000 лед светилки, а за ова ќе потрошат 800.000 евра.

Причината зошто започнале со китење вака рано, е тоа што се загрижени дека протоколите воведени заради корона вирусот може да ги забават работниците.

Минатата година, Виго бил преполн со туристи за Божиќ, а хотелите биле максимално исполнети.

Виго за празниците е вистинска осветлена бајка.