Во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, ве информираме дека во саботата,8 јануари 2022 година, инспекциската служба на Општина Карпош излезе на терен. Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија дознава Алфа од Општина Карпош.
Инспекторатот им даде рок од 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект, а одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите не се појавиле во Општина Карпош. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам велат од општината.