Од утре, 1 декември во Македонија и Босна и Хрецеговина,граѓаните од двете држави граничните премини ќе може да ги минуваат само со лична карта.
Договорот меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји го потпишаа министрите за надворешни работи на БиХ и на Македонија, Игор Црнадак и Никола Димитров на 12 март годинава, соопшти босанското МНР.
Тогаш е регулирано дека Договорот ќе стапи во сила 30 денови по приемот на последниот писмен извештај дека се исполнети внатрешните законски процедури.
Последната потврда на Министерството за надворешни работи на БиХ е примена во Амбасадата на Република Македонија на 23 октомври и како датум за стапување во сила на Договорот е утврден 1 декември 2018 година.