Граѓаните се скептици дека поскапиот паркинг ќе донесе почист воздух

1103

Најголемиот дел од граѓаните, односно 87% не веруваат дека новата цена на паркингот која ја најави Градот Скопје ќе го реши или ќе го намали загадувањето во Скопје. Дополнителни 73% не веруваат дека загадување во Скопје воопшто може да се реши. Ова го покажа инстаграм анкетата која Скопје Инфо ја спроведе изминатиот викенд.

Скопје Инфо вчера објави дека на следната седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за измена на цената за час паркирање на јавните површини и паркиралишта со кои стопанисува „Градски паркинг“ во денови кога ќе бидат прогласени вонредни мерки поради надминување на праговите на алармирање на ПМ10 честички. Денес и општина Центар најави дека се разгледува можноста за поскапување на паркингот на територија на општината.

Висока концентрација на ПМ10 честички синоќа биле забалежани во Аеродром, каде достигнале се измерени 600 ПМ на 100 микрограми. Во Ѓорче Петров се измерени скоро 500 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички. Во Ректорат, пак, оваа бројка била 10 пати над дозволеното.