Грчки хирург им се потсмева на македонските колеги за првата трансплантација на срце во земјата

978

На Клиниката за кардиохирургија во Скопје, во петокот по шестчасовна операција беше извршена првата трансплантација на срце во земјата. Трансплантацијата беше изведена под водство на д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија, заедно со д-р Жан Митрев, но и цел тим на кардиохирурзи.

Ваквото достигнување го споделил и д-р Јовев на својот Фејсбук профил, каде наишол на бројни пофалби, но и еден циничен коментар од негов грчки колега.

Грчкиот хирург цинично им честитал на македонските хирурзи за извршената трансплантација на срце, но истакнал дека тоа се случило во Северна Македонија, додека пак во Македонија (Тесалоники), првата трансплантација на срце била изведена пред многу години.

“Честитки! Мислите во Северна Македонија – Скопје. Бидејќи во Македонија (Тесалоники), првата трансплантација на срце ја извршивме пред многу години”, напишал Василеос Вугас.