Грчкиот куп откажан: Атинските хулигани подготвувале масакар

579

Грција веќе со години има сериозен проблем со хулиганите и нередите на фудбалските мечеви, ама дури и во ек на корона-кризата, очигледно хулиганите не мируваат, па фудбалскиот куп кај јужниот сосед нема да се игра неделава како што беше планирано поради – можен масакр.

Атинските големи ривали Олимпијакос и АЕК Атина требаше да се борат за пехарот во Купот, но мечот се откажува откако полицијата во близина на стадионот на кој требаше да се одржи мечот, пронашла рачно изработени бомби, еден куп палки, молотови коктели…

Дуелот беше закажан на стадионот на „Аполон Смирнис“. Очигледно хулиганите подготвувале да се испоубијат меѓусебе, а одамна е познато дека ривалството помеѓу атинските клубот е толкаво и доведено до најголем степен на омраза, што дури и дивјаците се подготвени некого и да убијат. Полицијата сега побарала од федерацијата мечот да се игра на друго место, ама надвор од Атина, за да може полесно да се исконтролира евентуалното доаѓање на навивачи, кои имаат поголем интерес жестоко да се пресметаат со ривалите, а воошто фудбалот не ги интересира.

Потенцијални нови дестинации за финалето се Лариса на стадионот на АЕЛ, 350 километри северно од Атина или во Волос, 330 километри северно од Атина. Двата клуба веќе влегоа во војна со соопштенија, а на Олимпијакос посебно му се брза зашто од почетокот на август го очекуваат настапи и за доигрувањето во Лига Европа.