Грчкиот министер за цивилна заштита поднесе оставка поради смртоносните пожари

1070

Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас поднесе оставка од функцијата, по катастрофалните пожари во Грција, во кои животот го загубија 88 луѓе, соопшти неговиот кабинет, пренесе Ројтерс.

Тоскас и претходно понуди оставка, веднаш по пожарите во малиот град Мати, но премиерот Алексис Ципрас одби да ја прифати.

Според информациите, грчкиот министер на денешната средба со премиерот Ципрас, ја повторил неговата желба за оставка.

Во врска со пожарите во Атина, имаше обвинувања за она што не било во ред и довело до смрт на десетици во градот Мати, каде што стотици луѓе беа заробени од пламени јазици во нивните обиди да побегнат.

Многумина скокнаа во морето за да преживеат, но други загинаа, или во нивните автомобили или кога беа заробени на работ на стрмни карпи.

“Оваа природна катастрофа, и загубата на толку многу луѓе во Мати, ја победија мојата желба да продолжам. Ова е нешто што јавно го кажав од првиот момент“ соопштил Тоскас.