Грција воведува тридневен карантин за сите кои ќе влезат во земјата

468

Грција воведува тридневен карантин за сите патници кои ќе пристигнат со авион на 18-ти декември во земјата.

Грчката агенција за цивилно воздухопловство денеска издаде белешка со која се проширува мерката за заштита на патниците во воздухот и населението од инфекција со коронавирус, што вклучува задолжителен тридневен карантин за сите патници кои влегуваат во Грција.

Одлуката се однесува и на патниците кои доаѓаат во Грција од земјите членки на ЕУ и ќе бидат на сила од 18 декември до 7 јануари, објави агенцијата АНА.