Грин Бич Фестивал – Се е спремно за Нина Кравиц , вечерва ќе гори Струга!

1021

Вечерва ќе се се одржи најголемиот фестивал на електронската музика во земјава, ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ кој годинава на новата локација на охридското крајбрежје, во паркот на хотел Еуротел, е воедно и најголемиот музички настан во Струга во последните повеќе од 10 години! Гаранцијата дека пред нас е уште едно врвно доживување и моќно издание на омилениот летен настан за фановите на квалитетната електронска музика оваа година доаѓа со привилегијата на ГРИН БИЧ конечно да го погледнеме премиерниот настап во Македонија на најпопуларната дама на светската електронска сцена  – НИНА КРАВИЦ!

Сибирската „техно кралица“ е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата и оваа година токму таа имаше и завршни сетови на одбрани фестивали за кои се зборува ширум целата планета.

ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ секоја година се одржува со импозантни хедлајнери од глобалната електронска сцена, кои гостуваат кај нас во врвот од својата кариера и со кои овој настан прерасна во синоним за најквалитетно електронско доживување, па така е и оваа деветта година по ред кога за најголемата журка на препознатливиот грандиозен подиум, лично е задолжена едната, единствена и секогаш уникатна НИНА КРАВИЦ, официјално прогласена и за најдобар диџеј во 2017-та година од страна на престижниот „Миксмаг“! Покрај Нина Кравиц, утре имаме чест да ги пречекаме и домашните изведувачи и тоа ДЕЈАН ДЕКС (Dejan Dex), диџејот и продуцент од Битола чии сетови носат мешавина од минималистички ритми, длабоки звуци и апстрактни ефекти и позадини, како и уште еден адут од домашната електронска сцена, македонската техно дива АНА МАЛО (Ana Malo) кои ќе ни се придружат со свој настап на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ!

Влезот за посетителите на Фестивалот ќе биде отворен во 21 часот, а почетокот на шестчасовната музичка програма е закажан во 21:30 часот.