Груби ангажирал адвокат, ќе се врател ако притворот се заменел со куќен притвор

306

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби според објави на повеќе медиуми веќе ангажирал адвокат кој ќе го застапува во предметот за кој е обвинет, а поврзано со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија.

Адвокатот Владимир Доневски наводно уште вчера вечерта бил во јавното обвинителство и предложил Артан Груби да се врати во земјава доколку биде побарана поблага мерка за негово обезбедување, односно мерка куќен притвор, наместо притвор. За сите овие пишувања од медиумите до моментов нема официјална потврда.

Инаку адвокатот Доневски е поранешен адвокат на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.