Груби се облече во знак на коридорот 8

351

Првиот вицепремиер Артан Груби на настанот се појави облечен со црна маица на која се испечатени по една жолта и бела лента и на неа бројот 8. Тоа може да се види и на фотографиите подолу на кои Груби е со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Делниците од коридорите 8 и 10-д ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Овој проект за владините претставници е историски бидејќи тежи 1,3 милијарда евра, а делниците од двата коридори треба да бидат завршени до 2027 година. Проектот опфаќа изградба на вкупно 110 километри автопат или по делници: Тетово – Гостивар над 17 км (33 месеци рок на реализација); Гостивар – Букојчани – 30,3 км (57 месеци рок на реализација); Требениште – Струга – Ќафасан 22 км (49 месеци рок на реализација); Прилеп – Битола 40 км (57 месеци рок на реализација). Досегашната постапка ја следат бројно контроверзии, особено околу изборот на надзорот.