Груевски доби азил во Унгарија

790

Република Унгарија донесе одлука да му даде политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој пребега во оваа земја, брифираат за „Скопје 1“ блиски извори на Груевски.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан пред неколку дена соопшти дека поранешниот македонски премиер изразил желба да аплицира за азил во унгарска амбасада надвор од Македонија. Намерата да поднесе барање за азил во Унгарија, експремиерот Никола Груевски ја изјавил во унгарска амбасада надвор од Македонија.

Ѓулијаш пред неколку дена изјави дека Унгарија сѐ уште не добила официјално барање за екстрадиција на Груевски од македонските власти.