Груевски на бизнис журка на брод (ФОТО)

1731

Унгарскиот новинар Балеж Цеко на Твитер објави фотографија од бившиот македонски премиер Никола Груевски.

Тој се наоѓа на забава на брод на Дунав, на маса е со уште двајца други мажи, чиј идентитет новинарот не го открива.

Унгарските медиуми пренесуваат дека станувало збор за настан насловен „Будимпешта бизнис забава“.

Според тоа што го објави Цеко, фотографијата од бродот е направена откако претходно Груевски беше на таен состанок во стан во Будимпешта со претставник од унгарското МНР.