Гулабот “Шумахер“ ја надминал брзината: „Фатен е на камера, а сега му се заканува и казна“

806

Летал со брзина од 45 километри на час, иако дозволената брзина во тој дел од градот е 30 километри на час.

Беше тоа едно обично и тивко попладне во Бохолт, град во западна Германија, кога еден гулаб одлучил да го глуми Шумахер и со голема брзина да прелета меѓу населението.

Летал со брзина од 45 километри на час, иако дозволената брзина во тој дел од градот е 30 километри на час, а заради тоа се активирала камерата за следење на брзината – и го фотографирала.

Градските службеници набрзо ја објавиле фотографијата на гулабот кој што летал, која во меѓувреме станала вирална.

Казната за надмината брзина во овој случај би чинела 25 евра на лице место, но веројатно дека овој гулаб ќе ја избегне таа казна.

Дури и ако се земе предвид минималното прекршување на дозволената брзина сепак од градската управа известуваат дека овој гулаб летал пребрзо.

Како што објаснуваат тие, тој летал прениско, па затоа лесно можело да дојде и до судар со некое возило или некој пешак.

Еден од граѓаните на Бохолт изјавил дека очигледно станува збор за гулаб кој што учествува во трки, додека пак друг изјавил дека најповолната казна за него би била тој да стане гулаб писмоносец.

Дали оваа птица ќе ја плати својата казна од 25 евра, останува да се види.