Гувернерката на Мексико и нејзиниот сопруг загинаа во хеликоптерска несреќа: Убавата Ерика стапи на функција пред само две недели

885

Гувернерката на Мексико и нејзиниот сопруг, сенаторот Рафаело загинаа денес при пад на хеликоптер во централно Мексико, пренесуваат локалните медиуми.

Гувернерката на мексиканската држава Пуебла, Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг Рафаел Морено, кој претходно беше гувернер на таа мексиканска сојузна држава загинаа откако хеликоптерот полетал од хелидромот.

Мексиканскиот портал BNO News пренесува дека на снимките се гледа хеликоптер кој во целост е уништен како и пожар кој не е изгасен.

Засега сè уште не е познато колку луѓе имало во хеликоптерот.

Ерика Алонсо стана гувернерка пред помалку од две недели, а нејзиниот сопруг бил гувернер од 2011 до 2017 година.