Гувернерот на Њујорк злоставувал жени! Критичарот на Трамп, Ендру Куомо малтретирал дури три свои помошнички

554

Ендру Куомо, првиот човек на државата Њујорк, е обвинет дека сексуално злоставувал најмалку три жени, од кои некои работеле за него.

Њујоршкиот јавен обвинител Летисија Џејмс го именувала тимот за истрага на наводите дека гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо сексуално ги вознемирувал своите помошнички.

Станува збор славен демократ и голем критичар на Доналд Трамп. Го нападнал екс претседателот поради обвиненијата дека сексуално ги вознемирувал своите соработнички, за сега да се открие дека истото веројатно го правел и тој.

Во тимот за истрага на Куомо ќе биде поранешниот федерален обвинител Џон Ким и адвокатот за работно право Ен Кларк.

“Нема сомнение дека двајцата имаат знаење и искуство неопходно за водење на истрагата и на Њујорчаните да им пружат одговори кои ги заслужуваат”, наведено е во соопштението на обвинителството.

Инаку, неколку жени, вклучувајќи и три поранешни службенички во кабинетот на Куомо, го обвиниле дека давал непримерни коментари за нивниот изглед, поставувал прашања за нивниот сексуален живот и во некои случаи им давал непријатни прегратки и бакнежи.

Гувернерот Куомо негирал дека некогаш некого допрел на непримерен начин и рекол дека некои тврдења се лажни. Сепак, тој признал и се извинил за тоа што се шегувал со некои жени, а тие тоа го сфатиле како флерт.

Куомо рекол дека во тој момент не сфатил дека неговите чекори се штетни.