Хајди Клум се соблече целосно гола и ги “запали“ социјалните мрежи

679

Иако веќе длабоко зачекори во петтата деценија од животот, Хајди изгледа никогаш подобро.

Манекенката Хајди Клум (46) позирала целосно гола, а со таква фотографија ги израдувала своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа се фотографирала за потребите на една компанија, а пред објективите позирала целосно гола само во потпетици, прекривајќи ги своите гради со рацете.

Хајди и овојпат ги помести границите на својот изглед и покажала дека тешко која жена може да ѝ биде конкуренција бидејќи веќе одамна ја “гази“ петтата деценија од својот живот.

Ваквата фотографија ги воодушевила нејзините колешки и следбеници кои под фотографијата имале само пофални комплименти.

„Моја кралица“, „Совршена“, „Многу убава, жешка и совршена“ – биле само некои од коментарите под фотографијата на презгодната манекенка.