Хакери се закануваат да објават податоци за терористичкиот напад на 11-ти септември: Тие тврдат дека овие документи ја содржат вистината

821

Групата “Dark Overlord” се појавила во 2016-та година, а позната е по хакирањето на медицински центри.

Хакерската група “Dark Overlord” се заканила дека ќе открие илјадници тајни документи кои се украдени од осигурителните куќи и владејачки агенции, а кои наводно ја откриваат тајната за терористичкиот напад на 11-ти септември. За овие доверливи документи бараат одредена сума, и тоа во биткоини.

Оваа група е позната по тоа што хакира бројни компании, но и клиники, а сега објавиле линк на кој се наоѓаат доверливи документи поврзани со трагедијата која се случила на 11-ти септември во САД. Истакнале дека ќе ги отклучат сите фајлови ако не се исполнат нивните барања кои ги навеле во постот од понеделникот.

Тие тврдат дека овие документи ја содржат вистината за тоа што навистина се случило во овој терористички напад.

Објавиле и тизер кој содржи писма, мејлови и неколку документи во кои се споменуваат адвокатски компании, Управата за безбедност во сообраќајот и Сојузната управа за авијација со ветување дека ќе пуштат уште податоци.

Секој кој е загрижен дека неговото име може да се најде на овие документи, хакерската група му понудила да плати откупнина во биткоини или ќе ги сноси последиците.

Оваа група се појавила во 2016-та година, а позната е по хакувањето на медицински центри. Секогаш од своите жртви барале да исплатат одредена сум на пари за да ги поврати тие податоци.