Хакерите вратиле 260 милиони долари од крипто-валутите што ги украле

999

Хакери одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратиле повеќе од една третина од украдените речиси 600 милиони долари, рекоа експерти за блокчејн во средата.

Поли нетворк (Poly Network), децентрализирана финансиска платформа која посредува во трансакции peer-2-peer, објави вест на Твитер дека е хакирана, повикувајќи се на детали за дигиталните паричници на кои биле испратени токените.

Вредноста на средствата во паричниците беше нешто повеќе од 600 милиони долари во времето на објавувањето.

Поли нетворк подоцна ги повика хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси, велејќи дека планира да преземе правни мерки.

Блокчејн форензичката фирма Chainalysis соопшти дека се вратени околу 260,97 милиони долари во крипто -валути.

Хакерите рекоа дека го извршиле грабежот за „забава“ и дека сакаат да ја покажат ранливоста на платформата пред другите да го искористат тоа, според аналитичката компанија за блокчејн технологија Елиптик и Хаинализа.

Идентитетот на хакерите не е познат.

Ројтерс не можеше да ја потврди автентичноста на информацијата, пренесе бизнис порталот СЕЕбиз.

Том Робинсон, ко-основач на Елиптика, смета дека хакерите можеби ги вратиле парите затоа што е многу тешко да се исперат во толку големи количини.

Грабежот е еден од најголемите во историјата на децентрализирани платформи за финансиски трансакции во криптовалути, надминувајќи го хакерскиот напад врз платформата Coincheck со седиште во Токио во 2018 година, во кој беа украдени 530 милиони долари биткоини.

Платформата Mt. Gox банкротираше во 2014 година по кражба во која беа украдени и околу половина милијарда долари биткоини.

Разбојниците украле повеќе пари на Поли нетворк отколку што биле украдени во сите слични грабежи во секторот за децентрализирани финансиски трансакции во периодот од јануари до јули оваа година, а таа сума се искачи на рекордни 464 милиони долари, се вели во извештајот на CipherTrace.

Децентрализираните финансиски платформи овозможуваат размена на криптовалути без традиционалните механизми за контрола обезбедени од банките и берзите, а честите грабежи може да ги чинат инвеститорите и да обезбедат зголемен регулаторен надзор.

Застапниците тврдат дека технологијата го „демократизира“ пристапот до финансиски услуги, додека критичарите истакнуваат дека е во голема мера нерегулиран и ранлив на хакерски напади и грабежи поради технолошки слабости.