Хаос пред Белата куќа и судири со полицијата: Демонстрантите се обидоа да влезат во резиденцијата на Трамп

970

Белата куќа е ставена под клуч и големи мерки на заштита во петокот вечерта, поради огромниот број демонстранти кои излегле на улица поради неодамнешното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд од Минеаполис.

За потсетување, полицаецот Дерек Чавин му клечел на вратот во текот на приведувањето поради што Флојд починал.

Чавин е уапсен, а низ целата земја се одржуваат протести.

Видеото од овој инцидент беше објавено во вторникот, а протестите избувнаа речиси моментално. Во Минеаполис неколку ноќи се водеа крвави борби помеѓу полицијата и демонстрантите, додека гувернерот барал помош од државата и војската.

Во петокот вечерта протестите стигнале и до Вашингтон, а во две наврати демонстрантите се собрале околу Белата куќа, што ја приморало тајната служба и полицијата да го затворат подрачјето околу официјалната резиденција на претседателот.

Поединечни демонстранти се судриле со полицијата, фрлале предмети кон нив, ги соборувале барикадите и се обидувале да влезат во Белата куќа.

Во меѓувреме, во Минеаполис е воведен полициски час, на улиците е Националната гарда, а Пентагон нареди приправност на воената полиција.