Хаос ширум Европа: По нападот во Виена, во Париз уапсен маж кој се шетал со мачета во рака

526

Ден по терористичкиот напад во Виена, помал инцидент бил забележан во престолнината на Франција.

Полицијата уапсила маж кој бил забележан во центарот на Париз со мачета во раката, соопштил портпаролот на полицијата. Тој бил уапсен во хотелска соба откако бил забележан на улиците на Париз.

Очевидците го пријавиле мажот во полицијата, која накратко го блокирала тоа подрачје, додал портпаролот на полицијата.

“Во полицијата е пријавено дека е забележано лице со мачета. Нема повредени. Истрагата е во тек”, гласел коментарот од полицијата за “France Presse”.

Неколку луѓе пријавиле дека виделе маж со мачета кај метро станицата во околу 11:20 часот. Полицијата го затворила тој дел од градот.