Приврзаниците на сегашниот американски претседател Доналд Трамп протестираат во една од клучните држави како што е Аризона во знак на протест против постизборните настани во таа сојузна држава.
Според извештаите на медиумите, во еден момент демонстрантите упаднале во изборниот центар каде се бројат гласовите, но подоцна заминале.
На социјалните мрежи беше објавено и видео на кое се гледа како припадниците на полицијата во целосна опрема минуваат низ просториите на изборниот центар.
Тензиите во Аризона се засилија затоа што некои изборни проекции веќе го означија демократот Џо Бајден како победник на изборите во таа држава, иако сè уште не се преброени сите гласови. Според последните извештаи, предноста на Бајден во Аризона во однос на Трамп се намалува.