Гаги Ѓогани, Анабела Атијас и Луна сега живеат под ист кров во реалното шоу „Задруга 3“ а во медиумите се шпекулира дека за тоа добиваат огромни хонорари.
Во текот на вечерта во реалното шоу настана хаос каков не е виден досега.
Конфликтот меѓу Гаги и Анабела не завршува, а овој пат расправијата околу напуштањето на Луна на шоуто премина во драма и насилство.
Најпрвин Анабела му истури пијалок во лицето на Гаги, а тој возвратил со тоа што фрли шише полно со вода во нејзината глава.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ЈУТЈУБ/ЗАДРУГА
Потоа влезе обезбедување да ги раздели. Луна плачеше и викаше да се смират, а големиот шеф го казни Гаги, а на Анабела поради агресивност ја остава без неделниот хонорар.
За време на кавгата, Анабела рече дека ја „боли задникот“ за Луна и да прави што сака бидејќи на крај таа ќе плаче.
Погленедте што се случуваше: